Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЏенифер Лоренс загрижена за здравјето, се откажува од Мистик

Џенифер Лоренс загрижена за здравјето, се откажува од Мистик

Џенифер Лоренс изјави дека не планира да се врати во улогата на Мистик од франшизата X-Men поради здравствени причини. За да се транформира во опасниот мутант Лоренс мора да претрпи боење на нејзиното тело, нанесување шминка и додатоци и таа е загрижена дека испарувањата од костумот се штетни и може негативно да влијаат на нејзиното здравје.

Jennifer-Lawrence-American-Hustle

Џенифер Лоренс како Мистик за трет и последен пат ќе ја видиме во новото продолжениe X-Men: Apocalypse и потоа и завршува договорот со студиото на Fox. Со оглед на нејзиниот талент повеќе сакаме да ја гледаме во драматични улоги, а гледачите за тоа ќе имаат можност со новиот филм Joy во соработка со нејзиниот омилен режисер Дејвид О.Расел под чие водство доби и Оскар, а беше номинирана два пати.