Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЏенет Џексон ја откажа турнејата поради планирање на семејство

Џенет Џексон ја откажа турнејата поради планирање на семејство

Од како со месеци  фанови стравуваа по здравјето на познатата поп-пејачка Џенет Џексон, таа конечно се одлучила да ја сподели во јавноста причината поради која ја откажува нејзината турнеја. По операцијата на грлото, која во јавноста кружеа гласини дека е направена поради рак на грлото и која подоцна се покажа како грешна, Џенет соопшти зошто обожавателите нема да ја видат на сцена.

„Мислев дека е важно први да дознаете. Мојот сопруг и јас планираме семејство, па морам да ја одложам турнејата. Ве молам за разбирање, одлуката ја донесовме токму сега. Според лекарските препораки, морам да мирувам“, објавила Џенет и им се заблагодарила на разбирањето на фановите и на сите кои работеле на организација на турнејата.