Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЏеко го изедначи рекордот во Рома стар скоро 57 години

Џеко го изедначи рекордот во Рома стар скоро 57 години

Един Џеко во победата на Рома на гостувањето во Болоња со 3-0, го постигна 24 гол во Серија А, вкупно 34 сезонава.

“Морам да признаам дека имавме пеколен распоред. Имавме дуелите со Лацио во Купот и Лион во Лига Европа, сојузот не сакаше да ни помогне и тоа не кошташе многу. За нас е многу важно да завршиме како втори. До крајот е се можно. Ние треба да веруваме во себе, и чека не нас директен дуел со Јувентус. После тоа, се ќе биде појасно “, изјави Џеко.

Во претходното коло тој го надмина Франческо Тоти кој во сезоната 2006-07 постигна 32 гола, репрезентативецот на Босна и Херцеговина сега се изедначи со Педро Манфредини.

Аргентинецот во сезоната 1960/61, кога Рома го освои единствениот европски трофеј, тој постигна 34 гола. Џеко е на добар пат да го собори и сопствениот рекорд од Волфсбург, кога во сезоната 2008/09 постигна 36 гола.