Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЏеки Чен доби Оскар за животно дело!

Џеки Чен доби Оскар за животно дело!

62-Годишниот актер и мајстор за боречки вештини Џеки Чен, роден во Хонгконг, кој имаше улоги во бројни холивудски филмови како „Кунг фу панда“, „Карате Кид“ и други, ќе прими почесен Оскар за животно дело. Оваа година тој ќе им се придружи и на останатите добитиници на оваа награда, режисерот за документарни филмови Федерика Вајзмен, британската монтажерка Ен В. Котеси и кастинг директорот Лин Сталмастер.

Секој од нив на гала вечерта во Лос Анџелес ќе прими почесна фигура Оскар со која се добива признание за нивниот целосен животен придонес во филмската уметнос. Претседателката на академијата Шерил Бун Ајзек во соопштението ги нарече „вистински пионери и легенди во својот занает“. Чен на само осум години го сними својот прв филм, а режираше повеќе од 30 боречки филмови во Хонгконг.

Ова ќе биде прв Оскар во неговата кариера. Нешто порано оваа година магазинот „Форбс“ го прогласи Џеки Чен за втор најплатен актер во светот. Во 2016 година тој успеалда заработи 61 милион долари, нешто помалку од ѕвездата на франшизата „Fast and furious“, Двејн Џонсон.