Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостЏејми Оливер им помага на жртвите од земјотресот во Италија

Џејми Оливер им помага на жртвите од земјотресот во Италија

Познатиот британски кувар Џејми Оливер се вклучува во акцијата за собирање на средства за помош на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Италија и најави дека приходот од секоја продадена порција паста ќе биде дониран за помош за спасување и згрижување на загрозените. Оливер на својот „Инстаграм“ профил напиша дека две фунти од секоја продадена порција ќе бидат наменети за жртвите од земјотресот.

Сланиот кувар истакнува дека парите се наменети за пожарникарните екипи, изградба на кампови за преживеаните и купување на храна, облека и лекови. „Навистина верувам дека на овој начин можеме да собереме илјадници фунти“, вели Оливер. Италијанските власти соопштија дека бројот на жртви од земјотресот се искачил на 267 лица, а 387 биле повредени.

Instagram