Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЏастин Бибер одбил пет милиони долари од Доналд Трамп

Џастин Бибер одбил пет милиони долари од Доналд Трамп

Канадскиот пејач Џастин Бибер одбил понуда од пет милиони долари за настап на конвенција на Републиканската партија, кој би траел околу 45 минути. Станува збор за највисоко понудената сума за настап на овој пејач. Како што пренесуваат медиумите, според договорот обврска би било и да не смее да се зборува негативно за претседателскиот кандидат Доналд Трамп.

Tramp i Biber

Иако размислувал да прифати, Бибер се откажал после разговорот со својот менаџер Скутер Браун, кој е поддржувач на демократите, но и со кошаркарот Леброн Џејмс кој исто така го советувал да ја одбие понудата. Скутер Браун, голем поддржувач на Хилари Клинтон, дури му се заканил и со отказ доколку ја прифати понудата на Трамп, а покрај тоа, во бендот на Бибер свират и Афроамериканци кои веднаш одбиле да настапат на конвенцијата.