Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери за ХРТ: Платформата не ја загрозува сувереноста, хаосот го предизвика Груевски

Џафери за ХРТ: Платформата не ја загрозува сувереноста, хаосот го предизвика Груевски

Новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери во интервју за ХРТ посочи дека е легално избран и дека ситуацијата која следеше не мора да се окарактиризира како вонредна, туку за политичките проблеми да се најдат политички решенија.

– Доколку претседателот Иванов во рок од десет дена не го даде мандатот за составување на влада на парламентарното мнозинство, тогаш тој прави кривично дело. Тој мора да го даде мандатот, бидејќи Уставот и законот не признаваат недавање на мандат, рече Џафери.

Новиот собраниски спикер исто така посочи дека Албанската декларација не е платформа на туѓа држава туку програма за заеднички постизборен настап на албанските партии и дека политичкиот хаос во Македонија е дело на Груевски кој не сака да овозможи мирен трансфер на власта.