Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието

Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието

Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија соопшти дека „новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери, денеска својот работен ден го започна во претседателскиот кабинет“.

– Toj заедно со членовите на својот кабинет и со собраниските служби работи на сите оние формално-административни работи, кои мора да бидат направени за нормано функционирање и вршење на функцијата претседател на Собранието на Република Македонија. Инаку самиот чин на примопредавање беше извршен најнормално како што доликува на принципите на парламентаризмот, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието на РМ.