Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери со полна агенда – средба со 16 амбасадори и со новинари

Џафери со полна агенда – средба со 16 амбасадори и со новинари

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе се сретне со амбасадорите од земјите членки на Европската Унија во земјава, како и со претставници на медиумите.

Во сала 5 во Собранието, Џафери во 11 часот ќе се сретне со амбасадорката на Австрија, Ренате Коблер, амбасадорот на Бугарија, Иван Петков, на Хрватска, Данијела Баришиќ, на Чешка, Мирослав Рамеш, претставниците на француската и на германската амбасада, Доминик Готиер и Марко Акватичи, претставникот од грчката амбасада, Ефтимиос Царлафтис, амбасадорот на Италија, Карло Ромео, на Словачка, Мартин Безак, на Холандија, Воаутер Пломп, на Полска, Јацек Мултановски, на Романија, Виорел Станила, на Словенија, Милан Јазбец, на Обединетото Кралство, Чарлс Гарет, претставникот на шпанската амбасада, Фернандо Лопез де Кастро, и со претставникот на шведската амбасада, Антон Иреквист.

Во 13 часот, пак, новоизбраниот претседател на Собранието ќе има средба со претставниците на медиумите во Македонија, со кои, како што најавија од неговиот кабинет, ќе размени мислења за актуелната состојба во државата.