Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери се сретна со коизвестителите на Мониторинг комисијата

Џафери се сретна со коизвестителите на Мониторинг комисијата

Претседателот на Собранието Талат Џафери се сретна со коизвестителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки преземени при приемот во Советот на Европа, Лисе Кристоферсен, пратеник од Норвешка и Валериј Гилечи, пратеник од Молдавија, кои во рамките на пост-мониторинг дијалогот се во дводневна посета на Република Македонија, јавува „Плус инфо“

„Разговорот на известителите со претседателот Џафери се фокусираше на настаните по предвремените парламентарни избори во декември 2016 година, надминувањето на политичката криза, актуелната политичка состојба и на решавањето на идните предизвици.

Известителите му посакаа успех во работата на претседателот и изразија очекување дека наскоро ќе биде формирана и Делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ќе го рефлектира распоредот на силите во Собранието и со која ќе имаат блиска соработка“, соопшти собраниската прес-служба.

Постмониторинг дијалогот, во кој во моментот се наоѓа Република Македонија, има за цел да го поддржи напредокот кон демократијата, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, како и целосното исполнување на обврските во однос на сите конвенции на Советот на Европа, кон кои државата пристапила

Дијалогот се заснова на оцените за ситуацијата и напредокот кои Комисијата ги прави во соработка со националните власти.