Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери – Река: Стабилноста во Македонија е важна за стабилноста на регионот

Џафери – Река: Стабилноста во Македонија е важна за стабилноста на регионот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери и албанскиот амбасадорот Фатос Река денеска се согласија дека секоја идеја за меѓудржавни, меѓуетнички и меѓунационални конфликти однапред е осудена како неуспешен проект, информираат од кабинетот на Џафери.

„Амбасадорот Река ја подвлече неопходноста од задржување на континуитетот на добрите и пријателски односи на двете држави во иднина, а дека на внатрешен план, Република Албанија и понатаму ќе посветува особено внимание на планот на државната политика на обезбедување уставни и законски гаранции за статусот на македонското и на сите други малцинства во Република Албанија. Претседателот на Собранието, Џафери, изрази уверување дека пријателските меѓудржавни односи и понатаму ќе продолжат со интензивно темпо, а особено се заблагодари на поддршката за НАТО-интеграцијата на Република Македонија, поддршка која доаѓа од држава непосреден сосед, што во овој сензитивен период за целиот регион високо се почитува и е повеќе од добредојдена“, се вели во соопштението.

Џафери и Река размениле мислења и за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што констатирале дека стабилноста во Македонија е важен сегмент од севкупната стабилност на регионот на Западен Балкан.