Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери: Полицијата е должна да го обезбеди Собранието

Џафери: Полицијата е должна да го обезбеди Собранието

Талат Џафери кој пред половина час беше избран за нов претседател на Собранието посочи дека заклетвата која ја дал е легална и легитимна и дека народото мора да ја почитува одлуката на парламентарното мнозинство.

– Тој што го прекршил законот ке одговара, се знае процедурата за влегување во собранието, и затоа МВР е одговорно да го обезбеди Собранието, изјави Џафери.

Џафери побара од министерот за внатрешни работи Нихиу без оглед на која партија припаѓа да си ги изврши со закон предвидените должности да го обезбеди Собранието. На собраниот народ му порача да се повлече и да не предизвикува инциденти.