Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери: Политичарите од регионот преку пропаганда ги нарушуваат односите

Џафери: Политичарите од регионот преку пропаганда ги нарушуваат односите

Новиот претседател на Собранието,  Талат Џафери во интервју за српската новинска агенција Бета за обвинувањата на српските официјални претставници дека албанските политичари во регионот се закана за мирот и стабилноста не само на Западниот Балкан туку и во Европа, вели дека  од политички аспект не е умесно политичките претставници на народите да се оквалифукуваат еден со друг на таков начин.

„Тие изјави придонесуваат кон влошување на односите, најнапред индивидуално меѓу претставниците на институциите, а тоа, се разбира, преку пропагандата ги допира и односите меѓу народите односно граѓаните на државите во регионот. Во секој случај би требало да се биде одговорен во контекст на изјавите, кои се даваат за своите колеги во други држави“- изјави Џафери за Бета.

Во интервјуто вели дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и тоа е реалност.

Тој рече дека Собранието и тој се отворени за соработка со институциите на Србија и оцени дека запаливите изјави на политичарите „во секој случај придонесуваат кон влошување на односите“ меѓу двете земји.