Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери: Никој не треба да се чувствува загрозен поради албанското знаме во кабинетот

Џафери: Никој не треба да се чувствува загрозен поради албанското знаме во кабинетот

Новоизбраниот Претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, од Брисел изјави дека никој не би требало да се чувствува загрозен од албанското знаме во неговиот кабинет.

– Тоа се наши симболи, симболи на граѓани на Република Македонија, а од институционален аспект, македонското знаме се наоѓа таму каде што припаѓа и ние албанците што сме носители на некаква функција се идентификуваме со тоа знаме.

Џафери на средбата во Брисел го информирал Комесарот Хан за визијата како однос на сеопфатноста на неговиот ангажман да соработува со сите пратенички групи без оглед на тоа од која провиненција доаѓаат во смисла на претнички групи во однос дали го поддржале или не го поддржале изборот на претседателот во Собранието.

– Со таква атмосфера ние треба да создаваме клима со која идната влада и работата на парламентот ќе може да ги исполни сите оние форми кои што произлегуваат од извештајот на прибе во 2015 година, вели Џафери.

Тој информираше дека според Деловникот на Собранието, наредна седница треба да биде седницата за избор на Влада затоа што нема услови за друга седница.

– Прва обврска по изборот на претседателот на Собранието е редовна седница на која се избира влада, рече Џафери додавајќи дека ќе ја продолжи конститутивната седница која е застаната на третата точка веднаш откако ќе се избере Влада.

Претседателот на Собранието испрати писмо до Иванов дека составено е парламентарно мнозинство, по што Претседателот на државата има рок од десет дена да го додели мандатот, а потоа мандатарот има рок од 20 дена да ја состави владата. Откако новиот мандатар ќе ја состави владата, Претседателот на Собранието има 15 дена рок да свика седница за избор на влада.

Џафери се надева дека поради случувањата на 27 април, Иванов овој пат ќе го даде мандатот за состав на влада со цел да не се повтори немилиот настан.

-Иванов е свесен дека по изборот на Претседател на Собранието престануваат неговите надлежности во смисла на грижата за нештата во парламентарната демократија и настапуваат обврските на претседателот на Собранието, вели Џафери.