Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДезинсекција на регионите зафатени од поплавите

Дезинсекција на регионите зафатени од поплавите

Денеска започнува авионска дезинсекција на повеќе региони во Македонија кои беа зафатени од поплавите во градовите Охрид, Штип, Велес, Куманово, Прилеп, Битола, Тетово, Струмица и Кочани со цел да се спреи ширење на болести и зарази, особено на преносители како комарци и крлежи. Прскањето ќе се одвива утринава, па затоа им се препорачува на пчеларите да ги заштитат своите сандаци.