Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДезинфекција на улиците кои беа зафатени со поплави во тетовско

Дезинфекција на улиците кои беа зафатени со поплави во тетовско

На подрачјата кои беа зафатени со поплавите се врши дезинфекција на локалните улици. Акцијата во тетовскиот регион започна вчера во вечерните часови и ќе се спроведува и во текот на денешниот ден, во периодот од 23 часот до 6 часот наутро.

Станува збор за организирана интердисциплинарна акција во која се вклучени повеќе надлежни институции, меѓу кои Министерството за здравство, Армијата на Република Македонија, локалната самоуправа преку јавното комунално претпријатие и Министерството за внатрешни работи во делот на логистичката поддршка.

Министерството за здравство денеска информира дека во моментот во подрачјата кои беа зафатени од поплавите нема опасност од контаминација и ширење заразни заболувања и оти дезинфекцијата се спроведува превентивно, според препораките од експертите од областа на хигиената и епидемиологијата.

– Со оваа акција се заокружуваат активностите за расчистување на подрачјата зафатени од поплавите и навремена реакција и спречување на појавата на можни последици од истите, се наведува во соопштението од Минисетрството за здравство.