HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДевојче од САД малтретирано од чувар на УЈП, поднесена прекршочна пријава

Девојче од САД малтретирано од чувар на УЈП, поднесена прекршочна пријава

Чувар вработен во Управата за јавни приходи доби прекршочна пријава за малтретирање на девојче дојдено од САД и за нарушување на јавниот мир во инцидент за кој се уште нема јасни информации како настанал.

Од полицијата информираат дека вчера околу 21 часот 15 годишно девојче од Северна Каролина-САД, заедно со нејзиниот старател М.М. (39), двете сместени во Скопје, пријавиле дека истиот ден околу 16.30 часот  на ул. „11-ти Октомври“, пред зградата на УЈП непознато лице-вработено како чувар во УЈП, ја малтретирал на јавно место.

– Од страна на полициски службеници бил пронајден сторителот со кого бил извршен разговор, по што против истиот е поднесена прекршочна пријава, информираат од МВР.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com