HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДевојката што се породи во тоалет и го фрли бебето ќе одговара за убиство

Девојката што се породи во тоалет и го фрли бебето ќе одговара за убиство

Девојката која се породи во тоалет и го фрли бебето ќе одговара за убиство. СВР Куманово поднесе кривична пријава против 19-годишната девојка од Матејче што го роди детето во веце шоља па го фрли во река. Девојката од липковското село ќе одговара за убиство на дете при породување.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава А.М. (19) поради постоење основи на сомнение дека девојката пред месеципол, се затворила во купатилото каде родила живо женско дете кое потоа го ставила во корпа за отпадоци и го фрлила зад семејната куќа. Извршен е увид на местото на лице место и било пронајдено мртвото новороденче.

Чедоморството се случило на 18 август годинава, кога А.М. која била во подмината бременот почнала обилно да крвари и се породила во веце шоља. Потоа го фрлила бебето без никој да ја види. Во меѓувреме и се влошила здравствената состојба, па родителите ја однеле на лекар во Кумановската болница. При преглед гинекологот утврдил дека дека девојката се породила во последните 24 часа. Случајот е пријавен во полицијата, по што е пронајдено новороденчето. Се истражува дали некој и помагал при породувањето и фрлањето на бебето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com