Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текДевојки програмерки во кампања против сексистички коментари

Девојки програмерки во кампања против сексистички коментари

Во ИТ индустријата се повеќе има квалитетен женски кадар со талент за програмирање и креирање на кодови, апликации и програми. Но, очигледно стереотипите се уште постојат и за оваа професија се мисли дека најчесто е отстапена на мажи со големи очила, несмасни потези и слаби општествени вештини. За присуство на жените воопшто не станува ни збор, особено не ако тие се убави и атрактивни.

Токму таков проблем имаше OneLogin компанијата која објави повеќе постери за вработување на нови програмери, а на еден од постерите е сликана нивната вработена Ајсис Венгер. Веднаш на социјалните мрежи се проширија коментари од шовинисти дека нема никакви шанси волку убава девојка да работи како програмер.

venger programerka

„ Реалноста е дека повеќето од луѓето имаат добро намери, но искрено се слепи за сите глупости кои им се случуваат, а тие не ги перцепираат бидејќи се мажи и тоа нив не ги погодува“ изјави Венгер за Medium бранејќи ја положбата на жените во IT индустријата каде често се случува колегите да имаат сексистички испади.

Нејзиниот пример го прифатија и голем број на жени и девојки кои работат како програмери и софтверски инжинери и ја започнаа кампањата на социјалните мрежи „Јас изгледам како програмер“.