Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДевојка се самозапали во градскиот парк

Девојка се самозапали во градскиот парк

Трагедија го потресе главниот град. Околу 13.30 часот денеска во Градскиот парк се самозапалила девојка.
Според информациите на медиумите се работи за девојка на возраст од 25 до 30 години.

Причините за ваквото одземање на живот засега не се познати, како ни идентитетот на девојката. Од Итната помош информираат дека случајот кај нив го пријави оцевидец на настанот, реагирале веднаш, но сепак кога стасале телото било јагленосано без знаци на живот. Увидот се уште трае.