Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДевојче од Куманово се удави во базен

Девојче од Куманово се удави во базен

Трагедија го погоди Куманово откако девојче се удави во базенот „Стара бања“ во Проевци. Таа отишла на базен како што некои медиуми пренесуваат за прв пат и кратко откако влегла во водата почнала да се дави.

– Девојчето околу 15.30 часот дошло со уште две другарки да се капе во базенот. Откако влегле внатре девојчето скокнало во базенот и од присутните деца била забележана дека дава знаци на давење и истата била изнесена надвор каде децата и укажале прва помош по што ја повикале Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Куманово. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, се вели во соопштението на кумановската полиција.