HomeДЕНЕШНАСветДеветмина турски војници загинаа во напад во југоисточна Турција

Деветмина турски војници загинаа во напад во југоисточна Турција

Деветмина турски војници загинаа, а 11 се ранети денеска во напад со автомобил бомба врз полициска станица во округот Хакари југоисточна Турција, јави Си-Ен-Ен Турк.

Според извори на телевизијата НТВ нападот бил извршен од борци на Курдската работничка партија.

Нападот е извршен изутрината пред полициска станица, која се наоѓа на 20 километри од градот Шемдинли.

При експлозијата се формирала и огромна дупка со широчина од 10 до 15 метри и длабочина од околу седум метри.

Силите за безбедност почнаа масовна антитерористичка операција со учество на воено воздухопловните сили.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com