Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДетскиот евросонг ја оштети Македонија

Детскиот евросонг ја оштети Македонија

Македонија е оштетена на детскиот Евросонг, информира медиумскиот спонзор на македонските претставнички Ивана и Магдалена. Како што е соопштено, на вчерашната генерална проба, која воедно е и одлучувачка, т.е е официјален настап на кој жири комисијата ги дели своите гласови кон настапувачите, Македонија за жал технички беше оштетена.

„Станува збор за технички проблем, т.е едниот од двата микрофони на Ивана и Магдалена не проработи. Поради истиот на нашите претставнички им беше дозволено да настапат повторно на крајот од пробата, но сепак гласовите веќе беа дадени и пресметани.

Сепак, ваквиот гаф кој прави голем неспокој и вознемиреност и кај многу поискусните изведувачи, кај Ивана и Магдалена, по првичниот шок, не делуваше негативно, па девојките се вратија на сцената и ја имаа досега најдобрата изведба“, стои во соопштението.