Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДетска игра на заледено езеро заврши кобно во Хрватска

Детска игра на заледено езеро заврши кобно во Хрватска

Браќа на возраст од седум и 12 години, се удавиле играјќи си на заледена вода во Јосиповац, кај Џаково, Хрватска.

Според кажувањата, паднале во рибник на приватен имот кој неодамна бил ископан, пренесоа хрватските медиуми.

Во Клиничкиот центар во Осијек се обиделе да им помогнат на момчињата, но без успех.

Од полицијата наведуваат дека попладне примиле дојава за пронајдени тела на момчиња во ископина со површина од околу 350 метри квадратни.

Полицијата ги истражува околностите под кои децата настрадале и во чија сопственост е земјиштето на кое се случила трагедијата.