Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДецата од ранливите категории и ова лето на бесплатен одмор

Децата од ранливите категории и ова лето на бесплатен одмор

Министерството за труд и социјална политика и оваа година ќе го реализира проектот за бесплатно летување на деца од социјално ранливите категории.

„Годинава кон средината на јуни ќе заминат уште околу 2.000 деца. За тоа се обезбедени околу 8 милиони денари, а зимава на зимување ќе заминат уше 1.000 деца. Ова е извонредна можност која што ја немаше во минатото, децата на семејствата кои што се во социјален ризик и кои што се со многу ниски примања и кои што се зависни од социјалната помош која што ја дава државата со години немаа можност да заминат некаде на одмор и како нивните врсници да го почувствуваат сето тоа и да можат кога ќе се вратат со другарчињата да споделат како поминале, што виделе што научиле како се одмориле или како се забавувале“, порача Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

До сега околу 12.000 деца од семејства во социјален ризик и приматели на посебна помош ја имаа можноста да заминат на летување или зимување.