HomeАНТИСТРЕСХуманостДете со церебрална парализа ја доби потребната количка, донација од хумано семејство од Струмица

Дете со церебрална парализа ја доби потребната количка, донација од хумано семејство од Струмица

Петчленото семејство Спасови од Кумановската населба Карпош се соочува со големи предизвици во нивното секојдневие бидејќи второто нивно дете е со посебни потреби и боледува од церебрална парализа. Тој е и корисник на посебен паричен додаток којшто сепак не е доволен да ги покрие и основните потреби за негова нега и одгледување.

Една од најголемите пречки за нормално секојдневие беше недостатокот од инвалидска количка којашто ја добија од хуманите граѓани, со посредство на Министерството за труд и социјална политика. Инвалидската количка на Спасови им ја донираше Петар Серафимов со семејството од Струмица, а тоа ќе значи можност за полесен пристап до надворешниот свет на нивното дете коешто до сега користеше импровизирана количка.
dsc_0660-2
Министерката Ташевска-Ременски го посети семејството Спасови и со нив поразговара и за останатите нивните потреби.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com