Friday, Oct 20, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаДете се гушело од стиропор во торта од слаткарница – АХВ го проверува случајот

Дете се гушело од стиропор во торта од слаткарница – АХВ го проверува случајот

torta

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денеска спроведоа детална инспекциска контрола во позната скопска слаткарницата, по вчера поднесената претставка во доцните попладневни часови до Одделението за заштита на потрошувачите при Агенцијата од страна на загрижен родител, кој пријавил гушење кај неговото дете, по консумација на торта купена од слаткарницата.

Според наводите во претставката, информираат од АХВ, до гушење на детето дошло поради присуство на парчиња стиропор во тортата.

– Резултатите од направената контрола од страна на инспекторите за храна, по поднесената претставка од потрошувачот, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги добие најрано во текот на утрешниот ден, соопшти АХВ.