Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМВР со детали за „Ќелија 3“: Приведени пет македонски државјани осомничени за членство во ИД

МВР со детали за „Ќелија 3“: Приведени пет македонски државјани осомничени за членство во ИД

Во Турција се уапсени петтмина македонски државјани кои се осомничени дека се припадници на Исламската држава, соопшти денеска на прес конференција министерот за внатрешни работи, Митко Чавков.

Чавков соопшти дека акцијата била спроведена од страна на турската полиција, а по приведувањето осомничените биле однесени во Прифатниот центар за странци во Истанбул. Тројца од приведените се од Куманово и две лица се од Скопје, кои на организиран начин се обиделе да се приклучат кон терористичката организација.

„Во текот на акцијата при обид за бегство две од лицата се здобиле со тешки телесни повреди. Според досегашните сознанија лицата биле претходно поттикнати и организирани од македонски државјани, џихадисти кои подолг период престојувале во Сирија, а осомничените заминале за Турција со цел приклучување кон муџахединските единици во Сирија“ изјави Чавков.

Осомничените се вратени во Македонија и против нив е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации.

Од страна на судија на претходна постапка на сите пет пријавени лица определена им е мерка притвор. Осомничените се на возраст од 18 до 24 години.