HomeДЕНЕШНАПолитикаШто ќе претстави СЈО на денешниот прес?

Што ќе претстави СЈО на денешниот прес?

sjo1

Две нови „Т“ истраги ќе соопштат Специјалните јавни обвинителки на прес конференцијата закажана денеска во 11 часот. Едниот предмет се однесува на проектот Сончев град, а другиот на „Скопје 2014“. СЈО веќе заплени документација од Министерството за култура за тендер вреден околу 1 милион евра за изградба на Музејот на македонската борба.

За овие истраги веќе се извршија повеќе истражни дејствија, имаше преглед на документација и собирање на докази од надлежните институции, меѓу кои и Министерството за култура.

Според последните изјави дадени на вонредната прес конференција, Специјалната обвинителка Катица Јанева посочи дека денес ќе соопшти и повеќе детали за синоќешниот претрес во Управата за безбедност и контраразузнавање. Таа, со тим на обвинители и истражители, вчера, со судска наредба влезе во просториите на УБК за прибирање на документација поврзана со необјавената предистражна постапка за нелегалното прислушкување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com