HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДетали за дивеењето во болница: Вработен од обезбедување ја скршил вратата, починатиот му бил вујко

Детали за дивеењето во болница: Вработен од обезбедување ја скршил вратата, починатиот му бил вујко

Gradska-bolnica-osmi-septemvri-2

Вработен во патролното обезбедување кое дошло на повик да го заштити медицинскиот тим од разбеснетата толпа во болницата „8 Септември“ ја искршил влезната врата кога сфатил дека починатиот пациент му е вујко. Во синоќешното дивеење на роднините на починатиот, болницата на располагање имала само пет лица од обезбедувањето кое ја чува. Затоа била повикана патролна екипа, но едниот од нив си го препознал вујкото на креветот во собата за реанимација. Тој всушност на излегување, во бес ја искршил влезната врата на болницата, дознава НОВА од извори во болницата.

Во Градската општа болница„8 Септември“ денеска е мирно по синоќешното дивеење на разбеснетите роднини на пациентот кој лекарите не можеле да го вратат во живот. Лекарите се вознемирени и исплашени, се санираат штетите од кршењето на медицински материјал и стаклото на вратите.

Драмата започнала во моментот кога на 45 годишниот Е.И му се слошило по што бил однесен во приватна амбуланта во Чаир каде му била укажана прва помош. Кога лекарите увиделе дека состојбата е тешка повикале Итна медицинска помош и пациентот го упатиле во болницата „8 Септември“. Во возилото по пат на пациентот му била пружена помош, а екипата се јавила во болницата за да се подготви тим бидејќи носат тежок случај. По безуспешна реанимација од 40 минути лекарите од болницата им соопштиле на најблиските роднини дека пацинетот починал. Тие што биле присутни во собата за реанимација почнале да кршат епрувети, да фрлаат шприцеви и друг медицински материјал, тврди за НОВА Директорот на болницата Сашо Стојчев.

„Пациентот е донесен без знаци на живот, модар. Медицинскиот тим го реанимирал цели 40 минути, но безуспешно. Тогаш започнува дивеење во Ургентниот центар кое е снимено на камерите. Во еден момент роднините со количка го земаат починатиот и го ставаат во црн мерцедес без регистарски таблички, по што заминуваат од болницата“, изјави за НОВА директорот Стојчев.

По ова насилно земање на починатиот, како во филмот со „Баба Зумбула“ , лекарите се јавиле кај семејството и им соопштиле дека треба да потпишат документ доколку не сакаат обдукција, во спротивно треба да го вратат починатиот назад. По извесно време во болницата дошол братот на починатиот, се извинил за нередот и направената штета и потпишал дека не сакаат обдукција врз телото.

Стојчев вели дека врз телото на починатиот немало траги на насилство. Се претпоставува дека починал од срцев удар. Во МВР го потврдија случајот иако од таму тврдат дека починатиот бил вратен со возило на брза помош, а не со приватно возило како што тврди директорот Стојчев, кој потенцира дека се е снимено и документирано.

„Итната медицинска помош не смее да вози починато лице доколку не се испочитуваат сите правила, а телото мора да остане најмалку два часа во болницата“. Снимено е возилото со кој е однесен починатиот“, вели Стојчев. Во МВР велат дека за случајот е известен јавен обвинител кој по документирање на настанот ќе поднесе соодветна пријава, односно поднесок.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com