Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДетали за банкарски корисници може да се купат за само 2 евра

Детали за банкарски корисници може да се купат за само 2 евра

Хакерскиот сајт Bestvalid.cc кој отворено функционира на интернет продава банкарски податоци на над 1 милиони Британци и за секој корисник информациите може да се купат за само 2 евра, открива The Times. Меѓу оштетените банкарски корисници се адвокати, пензионери, вработени, па дури и еден советник на кралицата.

Кит Ваз, кој е на чело на одбраниот комитет за внатрешни работи, изјави дека стравува дека сајтот може да го финансира тероризмот или организираниот криминал. „Националната криминална агенција (НКА) мора веднаш да преземе акција и да го затвори сајтот. Ќе и наредам на агенцијата да обрне внимание околу овој проблем.“ – изјави Ваз.

Bestvalid.cc не е дел од нелегалниот „темен“ интернет и безбедносните служби се изнанадени како толку долго време сајтот успевал да биде незабележан и слободно да функционира. Во украдените податоци може да се најдат телефонски броеви, адреса, имиња, лозинки и заштитни податоци кои секој со доволно знаење и технологија може да ги злоупотреби.