HomeДЕНЕШНАСветДетали од последниот разговор на пилотите пред да се урне авионот – пронајдени црните кутии

Детали од последниот разговор на пилотите пред да се урне авионот – пронајдени црните кутии

kolumbia-avion

Колумбиски претставници изјавија дека на местото на несреќата пронајдени се двете црни кутии од урнатиот авион. Колумбиските медиуми објавија и детали од последниот разговор на пилотите со контролата на летот. Пилотите се жалеле на проблеми со моторот, како и дека им снемува гориво. Откако контактирале со контролата на летот одобрено им било вонредно слетување.

Претходно, Колумбиската служба за цивилно воздухолпловство соопшти дека најмалку шест лица ја преживеале авионската несреќа, во која утринава загинаа над 70 лица, вклучувајќи и поголем дел од бразилски фудбалски клуб. Меѓу преживеаните има тројца играчи на бразилскиот фудбалски клуб Чапекоензе, двајца членови на екипажот на урнатиот авион и еден новинар.

Бразилскиот претседател Мишел Темер издаде указ за тридневна национална жалост во спомен на жртвите на авионската несреќа во Колумбија. Британската служба за истраги на воздухопловните несреќи соопшти дека ќе испрати своја екипа од експерти кои ќе треба да им помогнат на колумбиските власти во истрагата за несреќата.

Се очекува тричлената екипа истражители денеска да пристигне на местото на несреќата. Истрагата ќе ја предводат колумбиските воздухопловни власти, а Велика Британија ќе учествува како земја во која е произведен авионот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com