HomeДЕНЕШНАПолитикаДесниот блок се подели на два дела: ВМРО-НП, ОМ и Достоинство во нова друга коалиција

Десниот блок се подели на два дела: ВМРО-НП, ОМ и Достоинство во нова друга коалиција

desen-blok

По вечерашните обиди да се договори заеднички настап на десничарските и партиите од центарот на изборите преку формирање на десен блок, дефинитивно не е постигнат договор.

Од ВМРО-НП и Обединети за Македонија за А1он информираат дека не можело да се постигне договор за позициите на изборните листи и кој ќе бидат носители на изборните единици. Според изворите од партијата, преговорите повеќе нема да продолжат, а „Коалицијата за промени и правда“ во која коалицираат Демократскиот Сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО- Работничка партија ќе оди сама, а ВМРО-НП, Обединети за Македонија и најверојатно Достоинство ќе настапат заедно на изборите.

-Дојдовме до сериозен проблем во преговорите уште на првата точка за препраспределба на носителите и вторите места на листите. Народна, Обединети и Достоинство покажавме комплетна кооперативност, цело време ја намалувавме стартната позиција се со цел да успеат преговорите и да се формира тој голем трет блок, но од другата страна, од Коалицијата за промени и правда немаше мрднување ниту за милиметар од нивата стартна точка. И постојано кога ќе бевме блиску до договор, тие даваа нов услов да биде прифатен. Три дена се мачевме и може да констатираме дека нема договор. Во име на ВМРО-Народна, Обединети за Македонија и мислам Достоинство можам да кажам дека овие партии сега ќе настапат заедно на изборите како десен блок, изјави Никола Тасев од ВМРО-НП за А1он.

Тие не обвинуваат дека коалицискиот блок не бил формиран наводно зошто не сме давале гаранции дека нема да има коалицирање после изборите со ВМРО-ДПМНЕ. Такво нешто немало на преговорите, зошто три дена не мрднавме од мртва точка за листите и за тоа не ни станало збор, рече Тасев.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com