Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДесковска најави блокада за Кембриџ-програмата во средното образование

Десковска најави блокада за Кембриџ-програмата во средното образование

инистерката за образование и наука, Рената Треневска-Десковска, денеска најави дека е почнат обид да се спречи воведувањето на Кембриџ-програмата во средното образование и вели дека е можно да се намали бројот на предметите во основното образование.

Десковска рече дека се бараат правни механизми пред почетокот на новата учебна година да се стопира уште една, според неа, штетна мерка во образованието.

Министерката најави и преиспитување на наставните програми и намалување на бројот на предметите во основното, како и нов закон за високо образование. Реформскиот процес во образованието, вели таа, почнал со укинувањето на екстерното тестирање во четвртокот.