Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДесетици полицајци добиле отказ за „крвавиот четврток“ во Собранието

Десетици полицајци добиле отказ за „крвавиот четврток“ во Собранието

Десетици полицајци кои непрофесионално си ја извршиле работата на 27 април, кога се случи „крвавиот четврток“ во Собранието, добиле откази, пренесува „Фокус“.

Според нашите извори, решенијата за отказ биле потпишани во петокот, а денеска полицајците почнале да ги подигаат.

Според неофицијални информации отказ добил целиот кордон полицајци кои биле пред Собранието и уште неколку други и тоа за наводно непревземање мерки во момент на извршување на кривично дело.