Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДесет месеци се прибирале докази за осомничените припадници на ИСИС

Десет месеци се прибирале докази за осомничените припадници на ИСИС

МВР соопшти дека по наредба на Основното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во периодот од септември 2014 година до јули 2015 година се работело на прибирање на докази за осомничените лица кои се поврзуваат со терористичката организација Исламска држава.

akcija kelija

Осомничените се товарат за учество во паравоени формации надвор од територијата на Р.Македонија, како и за врбување на регрутите кои се испраќаат на боиштата во Ирак и Сирија за извршување на терористички акции. Со добиените наредби од Судија на претходна постапка, извршени се вкупно 28 претреси во Скопје, Струга, Тетово, Гостивар и Куманово. Меѓу претресените објекти се „Фастнет“ – интернет кафе во Скопје, придружните објекти на Тутунсуз џамија, како и просториите на невладините организации „Искра на милоста“ и „Исламска младина-Сарај“.

Притворени се 9 лица, а по 27 се уште се трага. По завршување на вештачењето, ќе биде поднесен и соодветен извештај до Основно Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.