Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДесет лица повредени во 11 сообраќајки во едно деноноќие

Десет лица повредени во 11 сообраќајки во едно деноноќие

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 11 сообраќајни несреќи. Од нив, шест се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, пет сопатници и еден пешак.

Сообраќајната полиција вчера открила и санкционирала 14 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Седум возачи не го почитувале правилото за првенство на минување на возилата во зона на крстосница, шест возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, а пет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Санкционирани се и девет пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од сообраќајната полиција отстранети се 54 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.