Monday, May 22, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаДепортирани 25 албански државјани од Македонија

Депортирани 25 албански државјани од Македонија

Вчера по последната акција на СВР Тетово, за откривање странски државјани кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето, откриени и депортирани се 25 лица.

Од СВР Тетово информираат дека вчерашната акција била реализирана на подрачјата на Гостивар, Чегране и Галате, а на различни места затекнати и приведени се 25 албански државјани на возраст од 20 до 48 година, најмногу од градовите Дибр и Либражд, Република Албанија.

– Најголемиот број од нив воопшто не го пријавиле својот престој, не поседувале никакви документи и најверојатно илегално влегле во нашата земја. По нивното приведување и неколкучасовно задржување, албанските државјани предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Лицата, главно економски мигранти, доцна синоќа преку граничниот премин Блато депортирани се во нивната матична земја.