HomeДЕНЕШНАСветДепардје: Трамп не е идиот за разлика од Буш

Депардје: Трамп не е идиот за разлика од Буш

depardje

Францускиот актер Жерар Депардје изјави дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп не е „идиот“ во споредба со некогашниот американски претседател од редовите на републиканците Џорџ Буш помладиот. „За разлика од Џорџ Буш помладиот, Трамп не е идиот. Тој зборува големи работи. Никој не знае на што е подготвен“, изјави Депардје.

Францускиот актер Депардје, како и Доналд Трамп, исто така е во блиски пријателски односи со претседателот на Русија Владимир Путин и дека во 2013 година прифатил руско државјанство во знак на протестите поради зголемување на даноците за богатите лица во Франција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com