Thursday, Apr 27, 2017
HomeАНТИСТРЕСХороскопДенот на раѓање многу зборува за вашиот карактер

Денот на раѓање многу зборува за вашиот карактер

 

Со секој ден од неделата владее конкретна планета која носи одредени аспекти, карактеристики и особини кои ги носиме со своето раѓање

Понеделник: Ова е непостојан и променлив ден. Може да биде добар за писатели бидејќи има аспекти на будење инспирација и фантазија. Месечината во астрологијата симболизира женски принцип и ги штити припадничките на понежниот пол. Дамите родени во понеделник најчесто се добри  сопруги и мајки како и одлични домаќинки

PLANETA MARS

Вторник: Владар на вториот ден од неделата е Марс. Борци,хероји, витези се раѓаат на овој ден. Во минатот се сметало дека вторник е многу тежок ден бидејќи било забележано дека токму на овој ден започнувале војни и воени удари. Ден за акција,почетоци,борби,драстични промени и смели потези.Не се препорачува одмор. Во вторник започнувајте ги  сите нови проекти.

Среда: Владар на третиот ден е Меркур, планета која се поврзува со трговија,знаење и информации. Умот станува најактивен,љубопитен и отворен за комуникација. Луѓето родени во среда размислуваат многу брзо. Овој ден е погоден за патувања, склучување договори, нови контакти, административна и интелектуална работа.

STRAS

Четврток. Со овој ден владее Јупитер. Луѓето родени во четврток ги привлекуваат другите со својот оптимизам и широкоградост. Тие се родени водичи и најчесто имаат висока положба во друштвото. Во старите култури луѓето родени во четврток биле избирани за свештеници и важеле за мудреци.

Петок: Божицата на љубовта (Венера),убавината и уживањето владеат со овој ден. Се смета дека родените во петок носат мир,хармонија и убавина. Тие се уметници,естети,дипломати и се во постојана потрага по сензуални уживања.Ова е ден кога луѓето се расположени за опуштање и забава. Но, петок не е погоден за венчавки и љубовни состаноци. Во петок не многу веројатно да се  попушти пред телесните желби и ниските страсти.

PLANENTS SUN

Сабота. Со овој ден владее Сатурн,во сабота се раѓаат филозофи,научници и осаменици. Луѓето родени во сабота имаат многу сериозен став за животот и имаат развиено чувство за одговорност. Склони се да бидат тажни и загрижени. Овој ден е погоден за завршување стари обврски но не и за започнување нови. Сабота е непогоден ден за венчавки и долги патувања.

Недела: Владар е Сонцето. Луѓето родени во недела зрачат со позитивна енергија,дарежливост и љубов кон животот. Ова е ден за прослави,креативност,среќа и успех. Најдобар ден за венчавки и за воведување промени во животот. Неделата е погоден ден и за медицински третмани бидејќи тогаш започнува нов циклус за опоравување на организмот. Родените во недела се харизматични и ведри. Не им се покоруваат на нормите, секогаш се во потрага кон нешто ново. Тоа се стабилни личности на кои ги следи среќа во животот. Неделата не е погодна за изолација и медитација