Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДенот на независноста на Македонија ќе биде одбележан со почесна артилериска стрелба

Денот на независноста на Македонија ќе биде одбележан со почесна артилериска стрелба

По повод 8. септември – Денот на независноста на Република Македонија, денеска ќе се изврши почесна артилериска стрелба.

Министерството за одбрана соопшти дека ќе бидат истрелани десет плотуни од артилериски орудија и истите ќе ги истрела единица на артилериски баталјон на Армијата на Република Македонија од касарната „Илинден“ во Скопје.