Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДенот на народното востание ќе се празнува со свечена академија

Денот на народното востание ќе се празнува со свечена академија

Денес во Македонскиот народен театар со почеток во 13 часот ќе се одржи Свечена академија по повод 11 oктомври – Ден на народното востание.

Академијата е под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски а поканети се државниот врв на Република Македонија, министри, пратеници на Собранието на Република Македонија, дипломатскиот кор во Република Македонија, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.