HomeДЕНЕШНАРепубликаДенеска започнува фестивалот на современа балканска музика во Штип

Денеска започнува фестивалот на современа балканска музика во Штип

kontempora-2

Во организација на СОКОМ и Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“, денеска, 1 декември, во Штип ќе започне Фестивалот на современа балканска музика. Фестивалот е концепиран со три концерти на ансамблот за современа музика „КонТемпора“ на кои ќе бидат претставени првенствено дела на македонски композитори, но и дополнети со творештвото на композитори од неколку балкански земји.

На првиот концерт вечер, „КонТемпора“ ќа настапи со пијанистката Ана Гацева. На вториот концерт ансамблот ќе настапи со дувачки квинтет во состав: Катерина Бачевска (флејта), Владимир Лазаревски (обоа), Игор Иванов (кларинет), Горан Јанев (хорна) и Марјан Милошевски (фагот).

Третиот концерт, пак, е предвиден со гудачки квартет во состав: Владимир Костов (виолина), Симон Поповски (виолина), Бојан Талески (виола) и Паскал Р. Краповски (виолончело).

Фестивалот ќе трае до 14 декември, а е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com