Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДенеска во Скопје ќе се протестира

Денеска во Скопје ќе се протестира

Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ вечерв 18:00 часот пред Владата на Република Македонија ќе одржи протестен марш наречен „УКА, БУКА, ОДИ СИ НИКОЛА!“

Според оваа асоцијација, премиерот Никола Груевски девет години владее со Македонија, притоа, како што се наведува, остварувајќи низа кривични дела и низа политички злодела. Во повикот до граѓаните се наведува да се понесат тенџериња, капаци од тенџериња, лажици, пластични туби и други предмети што создаваат бучава со цел Премиерот Никола Груевски да разбере дека треба да си замине од функцијата.