Friday, Mar 24, 2017
HomeДЕНЕШНАДенеска сончево со високи температури

Денеска сончево со високи температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а услови за појава на грмежи ќе има само во западниот дел од земјава. Услови за повремен дожд ќе има само на југот на Македонија.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 19 степени, а дневните од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде претежно сончево со мала облачност и слам до умерен североисточен ветер. Температури до 36 степен.