Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАДенеска сончево и топло

Денеска сончево и топло

Сончево и топло време со повремен локален ветер попладне не очекува и денеска. Максималната температура ќе достигне вредности околу 37° С во југот на Повардарието, северот од Повардарието ќе биде за 1 до 2 степени посвеж, а во југозападниот крај очекуваме максимални 33°С.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со повремен ветер попладне. Максималната температура ќе достигне до 35°С.