Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДенеска се празнува Петровден

Денеска се празнува Петровден

Денска се чевствува Петровден, празник кој го одбележува завршувањето на еден од четирите повеќедневни пости. Петровден се смета за еден од најголемите празници по Велигден. Празникот е посветен на Апостолите Петар и Павле

Што се однесува до празнувањето во Македонија може да се каже дека Петровден се смета за црковен празник. Сите оние кои постеле за време на Петровденскиот пост денеска се причестуваат. Ова е еден од ретките големи празници на кои може да се работи, бидејќи се паѓа во период на најголема жетва, а според верувањата  и самиот Св.Петар на тој ден жнеел

 

Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос.