Thursday, Apr 25, 2024
HomeUncategorizedДенеска се празнува Иванден

Денеска се празнува Иванден

Денеска е Иванден,. На овој празник се испреплетуваат многу обичаи и верувања. Поврзан е со периодот на долгоденица (како што Божиќ се поврзува со краткоденица). Иванден е поврзан со верувањата за моќта на билките но и на огновите. Се верува дека  сонцето на овој ден се превртува три пати бидејќи ова е најтоплиот период од годината.

Еден од обичаите карактеристични за овој ден е и ритуалот со растението папрат. Вечерта спроти празникот се бере  папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во  неговата апотропејска моќ. Папратот  се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.