HomeДЕНЕШНАРепубликаДенеска се обележуваат 14 години од Охридскиот рамковен договор

Денеска се обележуваат 14 години од Охридскиот рамковен договор

Денеска се одбележува 14-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на конфликтот во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот и евроатлантска перспектива на државата.

Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери. Потписници на договорот, во својство на гаранти, беа и специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите.

Покрај потписниците во разговорите учествуваа и Хавиер Солана, тогашен висок претставник на ЕУ за безбедносна и надворешна политика и Питер Фејт, претставник на САД, како и повеќе правни експерти, меѓу кои професорите Владо Поповски и Љубомир Фрчкоски.

Иако договорот имаше една цел и успеа да стави крај на конфликтот, сепак до ден-денес различно се толкува и има поделени мислења во однос на нужноста од потпишувањето, како и од начинот на спроведувањето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com