Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАДенеска портокалова фаза – не излегувајте без заштитна крема

Денеска портокалова фаза – не излегувајте без заштитна крема

Поголем дел од земјава денеска ќе се наоѓа во портокалова фаза. Не очекува сончево и многу топло време претпладне, а попладне во западните делови, мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен западен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 32 до 38 степени.

Во Скопје слично време, со температури од 19 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.